ЖРК Куманово го освои трофејот во Купот на Македонија

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово денеска извојуваа победа над Вардар со резултат 32:31 и по трет пат го кренаа трофејот во Купот на Македонија.

Вардарки немаа сили против кумановки во денешната финална пресметка која се одржа во Охрид. Куманово имаше контрола над целиот натпревар, па и на полувреме заминаа со предност од 15:12.

Најефикасна во тимот на Куманово беше Бразилката Андреза Алмеида со 11 погодоци.

Ова е трет трофеј во последните години за Куманово, откако сино-белите го кренаа во 2019та и 2021-ва година.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој возел со 2,11 промили алкохол