СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Н. (40) и О.П. (40), двајцата од Крива Паланка, вработени како службени лица во КПУ Идризово – Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Имено, И.Н., искористувајќи ја службената положба, без никаква правна основа донел усмена одлука со која осуденото лице Г.Ѓ. го одредил за курир, со што му овозможил користење на погодности во делот на почести излегувања и враќања во установата.
Со тоа, О.П. ги пречекорил границите на своите овластувања, така што на 10 февруари во периодот од 11.40 до 13.00 часот неосновано го ослободил Г.Ѓ. и му овозможил недозволено да оствари контакт со лица надвор од установата.