Рускиот претседател Владимир Путин го посети штабот на армиската група „Днепар“ во областа Херсон, на југот на Украина, соопшти денеска прес-службата на Кремљ, а пренесуваат руските агенции.
„Владимир Путин ги слушаше извештаите на командантот на Воено-десантните сили, генерал-полковник Михаил Теплински, командантот на воената група „Днепар“, генерал-полковник Олег Макаревич и други воени команданти во штабот на армиската група Днепар во регионот Херсон“, пренесува Интерфакс.
„Не сакам да го оттргнам вашето внимание од директните должности поврзани со командата и контролата, така што ќе работиме на деловен начин, накратко, но до точка“, рече Путин отворајќи ја средбата со командантите.
Тој изјави дека му е важно да го слушне нивното мислење за ситуацијата и да размени информации и побара прво да слушне извештај за ситуацијата во правец на Херсон, а потоа и на Запорожје.
Во соопштението не се наведува кога Путин го посетил седиштето во регионот Херсон.
Регионот Херсон се наоѓа на југот на Украина, а Русија најави анексирање на тој регион во септември минатата година.
Административното седиште на таа област, градот Херсон, е под контрола на украинските сили.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.