Шефовите на дипломатиите на Турција и Русија се сретнаа во Анкара

Сподели со своите пријатели

Министрите за надворешни работи на Русија и Турција, Сергеј Лавров и Мевлут Чавушоглу денеска се сретнаа во Анкара.

Loading...

Како што јави ТАСС, се очекува тие да разговараат за енергетиката, војната во Украина и договорот за извоз на жито.

Медиумите како теми го потенцираат и нормализацијата на ситуацијата во Нагорно Карабах и дијалогот меѓу Анкара и Дамаск.

Руското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека Лавров и Чавушоглу ќе разговараат за безбедноста на руските граѓани во Турција во пресрет на туристичката сезона.