Израел ги нападна Либан и Појасот Газа по ракетниот напад

Сподели со своите пријатели

Израел синоќа ги нападна Појасот Газа и јужен Либан, гаѓајќи ги позициите на исламскиот екстремистички Хамас како одговор на десетици ракети истрелани на негова територија.

Loading...

Воздушните напади почнаа нешто по полноќ во Газа, а гранатирањето на Либан околу четири часот по локално време.

Израелската војска потврди дека „погодила цели, вклучително и терористичка инфраструктура на Хамас во јужен Либан“.

Ова е првпат Израел да потврди напад на либанска територија од април минатата година.

Овие напади се најнови во ненадејниот пораст на тензиите на Блискиот Исток од средата по релативното затишје во израелско-палестинскиот конфликт од почетокот на муслиманскиот пост Рамазан на 23 март.

Експлозии се слушнаа во областа на градот Тир во јужен Либан.

Абу Ахмад, жител на блискиот палестински бегалски камп, изјави за АФП дека најмалку две гранати паднале врз кампот.

Дописникот на Франс прес од тој регион јави дека граната паднала на покривот на куќа до кампот и предизвикала материјална штета.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Платформата X повторно достапна во Бразил

Во четвртокот, на првиот ден од еврејскиот празник Пасха, околу 30 ракети од Либан беа истрелани во северен Израел.

Две лица се повредени и причинета е материјална штета.

Ваква ескалација на насилството на израелско-либанската граница не е забележана од едномесечната војна меѓу израелската армија и либанскиот проирански Хезболах во 2006 година.

Ракетите беа истрелани по судирите меѓу израелската полиција и палестинските верници во џамијата Ал Акса во текот на ноќта помеѓу вторникот и средата и повторно доцна во средата во џамијата, трета по важност во исламот.

Израелската армија соопшти дека е извесно дека Палестинците се одговорни за ракетниот истрел од Либан, а најверојатно се работи за Хамас или Исламски џихад, кои исто така се присутни во таа земја.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се закани дека „непријателите ќе платат висока цена“.

Силите на ОН во јужен Либан ги контактираа и израелските и либанските власти и ги повикаа „да престанат со сите свои акции“.

„Двете страни рекоа дека не сакаат војна“, се вели во соопштението на привремените сили на ОН во Либан, УНИФИЛ.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проблеми што Кина го турка под тепих: Нема работа за млади луѓе

Израелската војска соопшти дека „нема да дозволи терористичката организација Хамас да дејствува од Либан и да ја смета либанската држава одговорна за огнот упатен кон Израел од нејзина територија“.

Најостро осудувајќи ја „страшната израелска агресија врз опколениот Појас Газа и Либан“, Хамас, кој владее со Газа од 2007 година, рече дека го смета Израел за „целосно одговорен за последиците од таква сериозна агресија“.

Министерството за здравство во Појасот Газа објави дека израелските напади делумно оштетиле детска болница во источниот дел на градот Газа и го осуди нападот како неприфатлив.

Израелската војска не одговори веднаш на барањето на АФП за коментар.

Исламски џихад се закани дека на секоја експлозија ќе се одговори со експлозија и дека ќе има одговор на секој напад врз верниците во Ал Акса.

Либан и Израел технички се во војна по повеќе конфликти. Линијата за прекин на огнот ја контролира УНИФИЛ.

Либанското Министерство за надворешни работи соопшти дека сака да ги зачува мирот и стабилноста на југот и ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел да стави крај на ескалацијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Галант: Конфликтот на Блискиот Исток влегува во нова фаза

Израелската војска потврди дека во четвртокот биле истрелани 34 ракети од либанска територија, пет паднале во Израел, а 25 биле пресретнати.

Loading...

Претходно во четвртокот, проиранскиот либански Хезболах, кој контролира голем дел од јужниот дел на Либан, ја објави својата поддршка за какви било мерки што палестинските вооружени групи би можеле да ги преземат против Израел и остро го осуди „нападот на израелските окупаторски сили врз Ал Акса“.

За време на вчерашната посета на Либан, лидерот на Хамас Исмаил Ханије изјави дека Палестинците нема да стојат со скрстени раце пред израелската агресија врз џамијата.

Израелската војска синоќа нападна цели во Појасот Газа, тунели и работилници за производство на оружје на Хамас.

Израелската армија соопшти дека од Газа кон Израел биле истрелани 44 ракети и противвоздушни ракети и дека една ракета паднала во населено место.