Зголемената инфлација ги погоди свадбите во Унгарија, кои беа поттикнати од великодушните семејни мерки на премиерот Виктор Орбан во претходните години, при што бројот на бракови е на најниско ниво во последните девет години.
Унгарија оваа година има највисока просечна инфлација во ЕУ од 16,4 отсто, поради зголемените цени на храната, струјата и бројните услуги, што ја зголеми цената на свадбите и ги поткопа мерките на Орбан.
Во јануари, бројот на регистрирани свадби во Унгарија падна на 1.230, што е најниска бројка од јануари 2014 година.
Ливија Муринко, виш истражувач во Унгарскиот демографски институт, рече дека високата инфлација придонела за намалување на бројот на свадби, по неколку успешни години.
– Буквално секој што потенцијално можеше да се венча, го стори тоа. Не мислевме дека овој ’бум’ ќе биде силен и долго ќе трае, но сега се ќе се врати во некаков баланс – додаде таа.