Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарман изјави дека за време на протестите поради реформата на пензискиот систем се уапсени 457 лица, додека 441 припадник на безбедносните сили биле повредени.
Loading...
Дарманан рече дека од почетокот на протестите во јануари, четвртокот е денот кога е забележано најмногу насилство.
Полицијата соопшти дека очекува на демонстрациите во Париз да се приклучат и членови на анархистички организации.
Маскирани млади луѓе со качулки за време на протестот кршеле излози и палеле ѓубре на улиците, јавува АФП.