Етиопија формираше привремена администрација за Тигрaј како дел од мировниот договор

Сподели со своите пријатели

Владата во Етиопија денеска соопшти дека формирала привремена управа за северниот регион Тиграј, што е клучен чекор во спроведувањето на мировниот план за ставање крај на војната во таа земја.

Loading...

Горниот дом на етиопскиот парламент воспостави привремена администрација, а премиерот Абиј Ахмед го назначи Гетачу Реда за шеф на привремената администрација, се вели во владиното соопштение објавено на Фејсбук, пренесува Ројтерс.

Воспоставувањето на привремена управа за Тиграј е дел од мировниот договор потпишан во Јужна Африка меѓу Народноослободителниот фронт Тигреј (TPLF) и федералната влада, со цел да се стави крај на двегодишниот конфликт, пренесува Танјуг.

Конфликтот заврши со прекин на огнот потпишан во Преторија минатиот ноември, откако десетици илјади луѓе беа убиени, а милиони протерани од своите домови, според Ројтерс.