Се реконструира паркингот кај Серава и улици во населните Карпош и Адучка Чешма (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово почна со реконструкција на улици во населбите Ајдучка Чешма и Карпош.

Loading...

Како што денеска информираа надлежните од одделението за комунални дејности од општината се поставува бекатон на десетина улици во двете населби.

 

 

Жителите на овие приградски населби со години бараа санација на улиците за да не газат кал.

– Сите помали улици ќе бидат реконструирани во населбата „Ајдучка Чешма“. На повеќе од десетина улици ќе биде поставен бекатон, досега се завршени пет. Жителите на населбата ќе имаат побезбедни улици за движење на пешаците и побезбедно приклучување на главните сообраќајници во населбата, изјави помошникот раководител на одделението за комунални дејности, Момчило Јовановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки

 

Loading...

 

Според податоците на општината и електронскиот систем за јавни набавки избрани се две компании кои ќе ги санираат оштетените бекатон плочки на две зони од градот источна и западна.

 

 

За двете компании одвоени се скоро 18, 5 милиони денари од општинскиот буџет за тековната година за реконструкција и санирање на оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон плочки на територија на општина Куманово.

 

Loading...

 

Во меѓувреме почна и санација на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ зад локалитетот „Серава“ и изградба на нов паркинг простор на оваа улица.

 

 

На локацијата претходно имаше паркинг кој делумно е оштетен од задржувањето на атмосферската вода која се слева од повисоките делови од градот населбата „Тоде Мендол“ и „Бајрам Шабани“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец чувал елени во својата штала. Доби кривична пријава

 

Loading...

 

– Мораше да се санира и паркингот и улицата која го поврзува Зелениот пазар со центарот на градот. Очекуваме наскоро да се заврши темелната реконструкција и граѓаните и возачите да имаат подобро услови за безбедно одвивање на сообраќајот, изјави Јовановски.

 

 

Loading...

 

 

МИА