Вештачката интелигенција доаѓа кај автомобилите

Сподели со своите пријатели

Во неодамнешниот разговор со медиумите, ГМ Скот Милер, потпретседател на автомобилската компанија, рече дека во иднина „ChatGPT ќе биде во сè“.

Loading...

Amazfit најави имплементација на вештачка интелигенција во својот паметен часовник, а GM има намера да го стори истото во своите возила, иако сè уште не е познато кога AI chatbot би можел да започне да се користи и во возилата.

Во нивните автомобили, вештачката интелигенција би се користела преку гласовен асистент, но не треба да очекуваме опции како ChatGPT или Bing.

 

calculator, hand, robot

 

Но, GM има намера да ја надгради технологијата со некои опции специфични за автомобилот кои би можеле да им помогнат на возачите.

Не станува збор само за една способност како еволуцијата на гласовните команди, туку купувачите на идните возила можат да очекуваат нивните автомобили да имаат многу поголеми способности кога станува збор за новите технологии, коментираат од GM.

Loading...

GM веќе соработува со Мајкрософт (која инвестираше многу пари во компанијата OpenAI, која го разви ChatGPT) и ја користат нивната платформа Azure во развојот на автономна технологија за нивните возила, а оваа соработка сега ќе се прошири и на полето на вештачки интелигенција.

Американскиот автомобилски гигант на тој начин сака да го искористи ChatGPT за да развие сопствен личен асистент за возила што ќе им помогне на возачите во случај на одредени проблеми или ќе ги советува за стилот на возење.

Како треба да изгледа во пракса, им објасни на медиумите Скот Милер.

 

cyber, artificial intelligence, brain

 

На пример. виртуелен асистент базиран на вештачка интелигенција може да ги запознае возачите со сите опции на автомобилот што тие не ги користеле, односно можеби не се запознаени.

Исто така, ако пукне гума, вештачката интелигенција ќе покаже како се менува гумата на екранот на автомобилот, а во случај на предупредување на контролната табла, вештачката интелигенција на автомобилот ќе му објасни на возачот што е проблемот и што да прави. односно како да се реши тој проблем.

Loading...

Друга потенцијално корисна опција на виртуелниот асистент е да ги предупреди возачите за нивните дневни обврски и состаноци, така што, кога ќе влезат во автомобилот, компјутерот ги потсетува што ги чека на работа тој ден, какви активности, односно обврски со децата итн.