Претседателот Пендаровски во Куманово се сретна со актерите од претставата „Бегалка“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ денеска во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово се сретна со актерите Љубица Гојковиќ, Ѓорѓи Антов и Илија Струмениковски, кои во 1971 година беа дел од актерската постава на култната претстава „Бегалка“ на Васил Иљоски.

 

 

Повод за средбата е 95-годишнината од премиерната изведба на претставата која била одиграна во далечната 1928 година под името „Ленче Кумановче“, како драмско дело во 5 чина каде до израз доаѓаат тенденциите на Иљоски да ја прикаже посебноста и колоритноста на македонскиот јазик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зголемено нивото на Глажња, Куманово ќе има вода и во следното лето

 

 

Тројцата актери ги споделија со претседателот Пендаровски своите сеќавања од пред половина век кога тие ја изведувале оваа претстава во кумановскиот театар, со нивните актерски патешествија низ времето и го запознаа со најблескавите моменти од богатите актерски кариери.

 

 

Претседателот Пендаровски, изразувајќи признание и почит за импресивниот животопис и повеќедеценискиот придонес на тројцата актери во театарската и филмската уметност, рече дека со нивната автентична изведба на ликовите на Ленче, Бошко и Петко во „Бегалка“ трајно се вградија во историјата на македонскиот театар и култура.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Сончево, но со магливи и свежи утра

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Интегрално соопштение