Талибански гувернер убиен во експлозија во неговата канцеларија

Сподели со своите пријатели

Талибанскиот гувернер на авганистанската провинција Балх, Мохамад Давуд Музамил, загинал во експлозија во неговата канцеларија, соопшти полицијата.

– Две лица, меѓу кои и гувернерот Мохамад Давуд Музамил, загинаа во експлозија утринава – изјави портпаролот на полицијата Асиф Вазири за АФП.

Вазири додаде дека не се познати околностите за експлозијата, ниту пак чија е одговорноста.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Расте бројот на загинати во трагедијата во Лисабон