Зеленчукот како брокулата, карфиолот, зелката често се на листата на намирници кои не ги сакаат многу деца, па дури и некои возрасни. Сега научниците знаат што се крие зад тоа.
Додека некои можеби мислат дека децата се само пребирливи, една нова студија открива дека всушност постои научно објаснување зошто децата не ги сакаат овие зеленчуци.
Студијата открива дека бактериите во устата можат да се мешаат со одредени ензими во овој зеленчук, создавајќи непријатен и сулфурен мирис.
Поточно, овие растенија содржат соединение наречено S-метил-L-цистеин сулфоксид.
Соединението произведува силен мирис кога е во интеракција со истиот ензим што доаѓа од бактериите во оралниот микробиом на една личност.
Иронично, студијата открива дека родителите всушност треба да го обвинат својот микробиом ако нивните деца не сакаат да јадат брокула.
Претходните студии покажуваат дека нивоата на оваа соединение што предизвикува мирис варираат од возрасен до возрасен.
Научникот Демијан Френк спровел истражување за да ги идентификува главните соединенија што предизвикуваат мирис во сировиот и парен карфиол и брокулата.
Така, 98 парови, меѓу кои има еден родител и дете, ги оцениле мирисите што ги мирисале од ова зеленило. Секое од децата имало меѓу шест и осум години.