Откорнати нови садници во Куманово

Сподели со своите пријатели

Несовесни кумановци откорнале 25 садници од потегот покрај речното корито на Кумановка, кај зградите на „Октомвриска револуција“, соопштија денеска надлежните од јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“.

Loading...

Претходно екипите на претпријатието насадија чемпрес за подигање нов зелен појас покрај речното корито.

– И покрај апелите, ваквите појави се чести. Повторно повикуваме на совесност на кумановци, да не се корнат садниците, да не се оштетуваат. Насадени се за да го подобрат квалитетот на воздухот и секако за поубав изглед на градот, изјави директорот на ЈП, Даниел Стојчевски.

 

 

Вчера, пак од претпријатието во изјава за медиумите, кажаа дека е насаден нов дрворед на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово.

Акциите за садење на повеќе видови висококвалитетни садници ќе продолжат деновиве на двата кружни тека во градот.

Loading...

Општина Куманово набави 1.100 садници, за 1,4 милиони денари.

Лани, претпријатието насади над 8.000 садници, сопствено производство и годинава од сопствените расадници е планирано да се надмине оваа бројка на засадени листопадни, зимзелени садници, садници за жива ограда, перени.

МИА