Украина и Русија се обратија пред Генералното собрание на ОН во пресрет на годишнината од војната

Сподели со своите пријатели

Речиси една година откако Русија ја започна својата инвазија на Украина, вчерашната специјална седница на Генералното собрание на ОН уште еднаш го разоткри широкиот јаз меѓу двете страни во војната.

Loading...

Додека украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ја обвинуваше руската страна за геноцид, рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја на седницата рече дека Западот планира да ја распарчи и уништи неговата земја.

На првиот ден од дводневната сесија, по повод годишнината од руската инвазија, Кулеба во Генералното собрание на ОН претстави резолуција со која се повикува на мир и повлекување на Москва.

Се очекува собранието да ја усвои резолуцијата со огромно мнозинство во четврток – дипломатите проценуваат дека за неа би можеле да гласаат меѓу 130 и 140 земји.

Говори на дипломатите

Пред тоа се очекуваат десетици говори од високи функционери, меѓу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли и германската министерка за надворешни работи Аналена Бурбок.

Западните поддржувачи на Украина сакаат што е можно повеќе земји да гласаат „за“ резолуција што ќе го поддржи мирот и на тој начин сакаат да се надоврзат на резултатите од октомври минатата година, кога 143 земји се спротивставија на анексијата на Украина од Москва и изјавија дека го кршат меѓународното право.

Силен резултат би ги отфрлил сомнежите дека постои воен замор и слаба поддршка за Киев во некои делови од светот, особено оние кои зависат од руските енергетски резерви.

Кулеба: Ова е геноцид

Кулеба ја обвини Москва дека извршила геноцид со насилно депортирање на украински деца во Русија.

Loading...

Тој рече дека Москва преселила илјадници деца во руски семејства за да ги превоспита како Руси.

„Ова е геноцид. И со тоа се соочуваме денеска“, изјави Кулеба.

Москва тврди дека трансферот на Украинците во Русија е бегство од борбената зона.

Руската страна, исто така, негира дека ги киднапирала децата и покрај доказите за спротивното.

Рускиот амбасадор во Обединетите нации ги обвини Германија и Западот дека имаат мотиви слични на оние во Втората светска војна во конфликтот во Украина.

„Ова е војна во која, како што беше случај пред 80 години, учествуваат подмолни и моќни непријатели кои сакаат да ја заземат нашата земја и да нѐ потчинат“, рече Небензја на Генералното собрание на ОН.

„Германските тенкови повторно ќе ги убијат Русите“, рече тој, мислејќи на главните борбени тенкови Леопард од германско производство што неколку европски земји ветија дека ќе ги испратат во Киев.

Американскиот амбасадор: Прифатете ја резолуцијата за Украина

Линда Томас-Гринфилд, амбасадорката на САД во Обединетите нации, повика на усвојување на резолуцијата предложена од Украина.

Loading...

„Имаме пред нас резолуција со која се повикуваат нациите во светот да ги поддржат дипломатските напори за постигнување сеопфатен и траен мир во Украина“, рече таа.

Последниве месеци многу се расправаше за тоа до каде треба да оди резолуцијата на ОН на годишнината од војната во Украина.

Киев работи на резолуции во кои се споменува Трибуналот за воени злосторства, како и текст што би го претворил мировниот план од десет чекори на украинскиот претседател Володимир Зеленскии во документ на ОН, според извори од ОН.

И двете идеи беа напуштени и нема да бидат изгласани.

Сегашниот нацрт главно содржи нејасни формулации за завршување на војната, повикување на мир и повлекување на Москва.

Тој исто така повикува на размена на сите воени заробеници меѓу Украина и Русија и ја нагласува потребата одговорните за најтешките воени злосторства да одговараат, пренесува Индекс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.