Заменик-секретарот за хуманитарни прашања и координаторот за итна помош на Обединетите нации (ОН) Мартин Грифитс најави дека ОН ќе доделат 25 милиони долари помош за Сирија погодена од земјотресот.
Loading...
Дополнителни средства од Централниот фонд за итни случаи на Обединетите нации (ЦЕРФ) ќе помогнат да се задоволат итните потреби на стотици илјади Сиријци, јавува Ројтерс, пренесува Танјуг.
Оваа сума е дополнително на донацијата од 25 милиони долари објавена претходно оваа недела за итни операции во Турција и Сирија.
Така, CERF за само неколку дена му помогна на регионот погоден од разорниот земјотрес со сума од 50 милиони долари.