Времето денеска во Македонија во утринските часови ќе биде со слаб локален снег, а преку денот сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во ноќните часови ќе има локални врнежи претежно од снег.
Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.
Во Куманово и околината денеска се очекува сончево до умернео облачно време. Ќе дува слаб до умерно засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи околу два степени под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне седум степени целзиусови.
Во текот на ноќта се очекуваат врнежи од слаб снег.
Утре во куманвоско ќе имаме облачно време и умерен до засилен ветер од северен, односно северозападен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу -4 додека максималната дневна се очекува да достигне шест степени цезиусови.
Врнежи од снег повторно се очекуваат ноќта кон недела.
Во недела ќе имаме сончево до умерено облачно и значително постудено време со минусни температури и во текот на денот.
Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец кој на моменти ќе достигнува и брзина од над 50 километри на час.
Утринската температура ќе се спушти и до осум степени во негатива, а максималната дневна ќе остане на -2.
Сончево време, но со претежно ниски утрински температури ќе биде времето во наредната работна недела.
Никола Ивановски