Кошаркарките на Куманово вчера извојуваа голема и значајна победа откако на домашен терен го совладаа составот на Шкупи со резултат 63:57.
По израмнети први десет миути на паркетот, Шкупи прикажа подобра игра во втората четвртина и на полувреме замина со 28:34.
Кумановки се разбудија во второто полувреме. Со три погодоци беа подобри во третата четвртина за да веќе во последните десет минути покажат целосна доминација на теренот и освојат 21 поен наспроти 12 на гостинскиот состав.
Тоа беше доволно ЖКК Куманово да се реваншира за поразот кој го претрпе од Шкупи во првиот дел од сезоната.
Со 19 поени најефикасна во ростерот на Куманово беше Алексовска, девет имаше Костадинова, а поен помалку впиша и Цветковска.
Инаку Шкупи беше лидер во табелата до оваа победа на кумановки. Сега првата позиција ја зазеде Патриот, а тие се на втората позиција.
Кумановки се седми со три победи од почетокот на сезоната.
Никола Ивановски