Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс изјави денеска дека ја презема „целосната одговорност“ откако во неговиот дом во Индијана беа пронајдени доверливи документи.
Во своето прво јавно обраќање по објавувањето на документите, Пенс рече дека не знаел дека документите се во неговата резиденција, но неговото недоволно знаење не е оправдување.
„Да бидам јасен тие доверливи документи не требаше да бидат во мојата куќа“, рече Пенс на Меѓународниот универзитет во Флорида, каде што зборуваше за економијата и ја промовираше својата нова книга.
Пенс рече дека решил да го претресе својот дом „од изобилство на претпазливост“ откако тимот на Бајден неодамна откри дека документи биле пронајдени во неговата поранешна канцеларија и неговиот дом во Делавер.
Документи со доверливи ознаки беа откриени минатата недела во домот на поранешниот потпретседател Мајк Пенс во Индијана, изјави неговиот адвокат претходно оваа недела, пренесе АП.
Тој посочи дека се работи за мал број документи со доверливи ознаки кои ненамерно биле спакувани во кутија и пренесени во приватната куќа на поранешниот потпретседател на крајот на претходната администрација.