Франција и Ирак потпишаа стратешки економски договори

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон и ирачкиот премиер Мохамед Ши ал-Судани потпишаа збир на стратешки договори чија цел е да се поттикне економската соработка меѓу Франција и Ирак, особено во областа на енергијата и јавниот транспорт, соопшти денеска Елисејската палата.

Loading...

Во четвртокот Франција и Ирак потпишаа договор за соработка меѓу двете земји во борбата против корупцијата, безбедносниот сектор, обновливите извори на енергија и културата, објави Ројтерс.

Макрон и Ал Судани ја повторија својата посветеност за завршување на големите мрежни инфраструктурни проекти во Ирак со помош на француски експерти, како и спроведувањето на проектот на француската нафтена компанија „Тотал енерџи“ врз основа на инвестиции во соларна и гасна енергија, се вели во соопштението.

Ројтерс претходно оваа недела објави дека Катар е во преговори да купи од Total Energy удел во енергетските проекти во Ирак во вредност од 27 милијарди долари.

Во 2021 година, Ирак и француската компанија потпишаа договор за изградба на четири огромни проекти за соларна енергија, гас, електрична енергија и вода во јужен Ирак во следните 25 години.