Отворена изложбата на скутини во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

-„Скутина, фута, бовча, диљка“ е насловена мултимедијалната изложба на етнокореологот Бојан Петковски која беше отворена денеска во фоајето на центарот за култура „Трајко Прокопиев“. На изложбата можат да се видат фотографии, паноа кои ја покажуваат важноста на скутината.

Loading...

 

 

Централно поставена, генерално во големи димензии, таа чини голем дел од целокупната слика на носијата. Кај женските носители, носена во сите етнички предели, во сите возрасни и социјални категории, скутината е забележана и во голем дел на машката облековна култура. Публиката има можност преку четири различни методи да ја осознае вредноста на скутините.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири возила се судрија на патот Куманово – Крива Паланка, седумина повредени

 

 

Loading...

Методот на инкорпорирање, реалните предмети најдени на теренските истражувања, соединети со црно-бели фотографии на коишто е забележан идентичен предмет. Веродостојноста на дел од скутините гледачот ги утврдува преку методот на компарација со визуелна оставина од минатото. Преку методот на рефлексија, дел од скутините гледачот ги пронаоѓа на старите црно-бели фотографии. Континуитетот на проектот е содржан во методот на самоистражување, каде се изложени „анонимни“ скутини. Преку засебни паноа за атипични примери за носење на скутини, се забележува и едукативниот карактер на проектот.

 

 

Според авторот, скутината е дел од традиционалната облека која е позната под различна локални имиња: фута, бовча, скутача и слично. Кон крајот на XIX век носијата била во својот полн сјај, карактеризирајќи се со слоевитост во облековните елементи и накитот. Фактот дека носијата е комплетна конструкција сочинета од низа облеки иницира давање акцент на секој засебно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Завршени повеќе инфраструктурни проекти за училишта во Куманово (ВИДЕО)

– Овој проект фрла светлина врз скутината. Првата визуелна средба меѓу носијата и гледачот го насочива гледачот секогаш да го сврти своето внимание на скутината, истакна авторот на проектот, Бојан Петковски.

 

Loading...

 

Преку засебни паноа за атипични примери за носење на скутини се забележува и едукативниот карактер на проектот, посочува Петковски, чијашто соработка со Центарот за култура Трајко Прокопиев започна минатата година со организирање на семинар за традиционалната музика и игра.

 

 

– Од овој момент нашата соработка стана поинтензивна и институцијата стана побогата со уште еден уметник надворешен соработник од доменот на уметноста и науката, рече Дени Синадиновски, етнокореолог и промотор на изложбата. Говорејќи за авторот посочи дека Петковски со научно истражувачка дејност поврзана со традицијата започнал откако се запишал во средното образование, насока традиционална музика и игра. Петковски дипломирал на музичката академија во Штип, на катедрата за етнокореологија. Изложбата на фотографии од скутини во центарот за култура ќе биде поставена наредните две недели.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири возила се судрија на патот Куманово – Крива Паланка, седумина повредени

Проектот е поддржан од Министерството за култура за 2022 година.