Во пукањето во Вашингтон, тројца мртви (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Три лица беа убиени во пукање во продавница во централна државата Вашингтон во вторникот, а осомничениот Џерид Хадок сѐ уште е во бегство.

Loading...

Полицијата ја објави неговата фотографија.

Полицијата била повикана на местото на настанот во градот Јакима околу 12:30 часот, кога три лица, кои се уште не се идентификувани, биле пронајдени мртви, изјави на новинарите началникот на полицијата Мет Мареј, пренесува Јутарњи лист.

Две жртви биле застрелани во продавницата, а третата пред неа.

Мотивот е непознат и осомничениот останува опасност за заедницата, рече Мареј.

Оваа недела САД беа погодени од две последователни масовни престрелки во сојузната држава Калифорнија, во кои загинаа 18 лица.

Полицијата собра снимки од безбедносните камери и изјави на сведоци од местото на злосторството и објави фотографија од мажот во црна облека на социјалните мрежи. Носеше качулка, капа, панталони и бели чевли.

Јакима е град со околу 97.000 жители во долината Јамика, земјоделски регион познат по своите винарии и одгледување јаболка.

Loading...