Иран остро ги осуди новите санкции воведени од Европската унија и Велика Британија и најави дека ќе возврати откако Западот го зголеми притисокот врз земјата за задушување на протестите, пренесува Ројтерс.
„Исламската Република наскоро ќе објави список на нови санкции против прекршителите на човековите права во ЕУ и Англија“, рече портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, во соопштението.
Според Ројтерс, Европската унија воведе санкции за повеќе од 30 ирански функционери и организации, вклучително и единици на моќната Револуционерна гарда, обвинувајќи ги за „брутално“ задушување на немирите и други прекршувања на човековите права.
САД и Велика Британија, исто така, воведоа нови санкции кон Иран, како одраз на влошување на и онака лошите односи на Западот со Техеран.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.