Баз Олдрин, вториот човек што зачекори на Месечината во 1969 година во мисијата Аполо 11, се ожени со својата долгогодишна девојка на неговиот 93-ти роденден.
Олдрин на Твитер објави фотографии со неговата нова сопруга Др. Анком Фаур (63) и откри дека се венчале во Лос Анџелес.
„На мојот 93-ти роденден и на денот кога ќе бидам почестен од Живите легенди на авијацијата, чест ми е да објавам дека јас и мојата долгогодишна љубов, д-р Анка Фаур, се венчавме. Се венчавме на мала, приватна церемонија во Лос Анџелес и се возбудени како тинејџери“, напиша поранешниот астронаут.
On my 93rd birthday & the day I will also be honored by Living Legends of Aviation I am pleased to announce that my longtime love Dr. Anca Faur & I have tied the knot.We were joined in holy matrimony in a small private ceremony in Los Angeles & are as excited as eloping teenagers pic.twitter.com/VwMP4W30Tn
— Dr. Buzz Aldrin (@TheRealBuzz) January 21, 2023
Луѓето се шегуваат во коментарите: „Најдоа заедничка орбита“
„Мило ми е што најдовте заедничка орбита“, „Никогаш не разочарувате“, „Мора да сте во облаците“, „Животот започнува на 93 години“, се пошегуваа луѓето во коментарите под објавата, која собра речиси два милиони прегледи .
Баз Олдрин досега се женел и разведувал три пати. Тој е единствениот преживеан член од тричлениот екипаж на мисијата Аполо 11.
Нил Армстронг бил првиот астронаут кој стапнал на површината на Месечината, а по 19 минути следел Олдрин.
Откако влезе во историјата, Олдрин рече дека не знае што да прави со својот живот.
Тој се борел со депресија и алкохолизам, но сега е трезен повеќе од 40 години.
Поранешниот астронаут се повлече од НАСА во 1971 година и во 1998 година ја основаше Фондацијата ShareSpace, непрофитна организација за промовирање на истражување на вселената.