„Сакам“ е насловот на најновата песна на кумановскиот артист Тајзи кој денеска по повод празникот Богојавление – Водици одлучи да ги почести своите фанови.
Loading...
Како и секогаш, така и во оваа остварување, Тајзи е брутално искрен во своите стихови, а во рефренот вели: „Сакам слобода на говор, а не ланци, Да ни завидат Германци и Британци. Соживот е тежок збор за Индијанци, бродот тоне, а ние сме без чамци“…
И овој пат самиот е автор на музиката и текстот, со аранжман на Иле Спасев, додека Никола Ставрески е автор на прекрасниот видео запис.
Во продолжение слушнете ја „Сакам“:
Loading...