„Пијани ноќи“ – нов сингл на кумановецот Брзи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Пијани ноќи“ е насловот на новата песна на кумановскиот уметник Тино Брзи која премиерно излезе вчера заедно со видео запис.

Loading...

Самиот е автор на музиката и текстот за „Пијани ноќи“ во соработка со Иван Јованов, а во продукција на успешната „Урбан рекордс“. Видео записот е креација на Никола Наумовски.

Ова не е прв сингл на кумановскиот артист чие целосно име е Валентино Милорадовски. Зад себе ги има и песните „Шеки“, „Гад“, „Суперстар“, „Километри, „Успех“…

Како звучи најновиот сингл може да слушнете во продолжение:

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со фалсификувани долари се коцкал во казино