Рано утринава одекнаа експлозии во Киев, а избувна и пожар во еден од критичните инфраструктурни објекти во регионот на Киев.
Loading...
Според прелиминарните информации, нема повредени, објави шефот на Киевската регионална воена управа Олексиј Кулеба, пренесува Униан.
Претходно, заменик-командантот на копнените сили на вооружените сили на Украина, Олександр Пављук, изјави дека експлозиите утринава во Киев и во Киевската област не се поврзани со воени операции.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.