Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утринава во Албанија, а можел да се почувствува и на крајниот југ на Црна Гора и западот во Македонија.
Loading...
Земјотресот е регистриран во 5 часот и 8 минути, со епицентар на 23 километри североисточно од Тирана, соопшти црногорскиот институт за хидрометеорологија и сеизмологија.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од осум километри.
Во соопштението се наведува дека земјотресот не можел да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје.