Жестока ноќ во Соледар, борбите продолжуваат

Сподели со своите пријатели

Украинските сили издржаа ноќни жестоки борби во Соледар, изјави заменик-министерката за одбрана Хана Маљар.

Loading...

Таа рече дека непријателот „ги фрлил речиси сите свои сили во регионот на Доњецк и продолжува со офанзивата со висок интензитет“.

„Нашите храбри борци се обидуваат да ја задржат линијата на одбраната“, рече Маљар на Телеграм, пренесува Ројтерс.

Маљар додаде дека ова е „тешка фаза од војната“, во која Украина „несомнено ќе победи“.

Според руски извори, Соледар е веќе освоен, а руските сили продолжуваат со нападите во правец на Артемовск.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.