Претседателски избори во Чешка

Сподели со своите пријатели

Пензионираниот генерал Петр Павел, кој служеше на високи позиции во НАТО, важи за благ фаворит на претседателските избори во Чешка, кои почнуваат денеска, пренесува Ројтерс.

Loading...

Според анкетите, тој е пред поранешниот премиер Андреј Бабиш и професорката по економија Дануша Нерудова, три од осумте кандидати кои имаат шанса да се пласираат во вториот круг, бидејќи ниту еден кандидат, според анкетите, не може да освои 50 отсто од гласање, кое е неопходно за победа во првиот круг на гласање што завршува во сабота.

Во недела, на 8 јануари, СТЕМ ги објави резултатите од истражувањето спроведено во првите денови од Новата година, а според нив, Андреј Бабиш во првиот изборен круг би освоил 27,9 отсто од гласовите, генералот Петр Павел 26,7, додека Дануше Нерудова би била на третото место со 24,4 отсто од гласовите, пренесува Дојче веле.

Истражувањата на СТЕМА, како и други анкети покажуваат дека во вториот круг, кој ќе се одржи од 27 до 28 јануари, Бабиш би освоил 10 до 20 отсто помалку гласови од неговиот противкандидат.

Генералот Петр Павел, кој беше шеф на воениот комитет на НАТО, а претходно и началник на Генералштабот на чешката армија, има блескава триесетгодишна воена кариера.

Одликуван е со Орден на француската Легија на честа, бидејќи за време на војната во Хрватска во 1993 година успеал да спаси опколена француска единица која била дел од трупите на ОН.

Бабиш (68) со својата партија АНО, која во моментов е во опозиција, се обидува да ја добие претседателската функција и да го замени својот сојузник Милош Земан, кому во март му истекува вториот мандат.

Чешкиот суд во понеделникот го ослободи поранешниот премиер од обвинение за измама поврзана со субвенции од ЕУ, со што се подобрија шансите за милијардерот и еден од фаворитите на претседателските избори оваа недела.

Loading...

Еден од првите што му честиташе беше унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој го советуваше својот пријател „да продолжи со борбата“.

Бабис во вторникот го посети францускиот претседател Емануел Макрон за да ги покаже своите пошироки врски во Европа.

За време на кампањата, Павел се огради од Орбан, кој има несогласувања со партнерите од ЕУ околу владеењето на правото, а исто така го доведе во прашање членството на Чешка во Вишеградската група, во која покрај Унгарија се и Полска и Словачка.

– Кога денес толку многу се разликуваме по фундаменталните прашања, прашање е дали воопшто треба да бидеме дел од овој формат – рече Павел за време на дебатата во средата, пренесе Ројтерс.

Нерудова (44) е трета во анкетите и би била првата жена на таа позиција, која првпат ја држеше Вацлав Хавел по распадот на Чехословачка во 1993 година, а моментално Милош Земан, кој за време на неговите два петгодишни мандати се обиде да изгради поблиски односи со Кина и Русија.

Таа, како и Павел, се залага за транзиција кон еврото и е застапник на надворешната политика на Хавел, водена од човековите права.

Не се очекува новиот претседател, кој според уставот нема големи извршни овластувања, да биде избран во првиот круг што ќе се одржи денеска и в сабота, што би значело дека вториот круг, според сите проценки, ќе биде одржана на 27 и 28 јануари.