Авион на руски „Азур ер“ со 244 луѓе морал принудно да слета во воена воздухопловна база во Индија поради закана за бомба.
Авион на летот од Москва до Гоа во југозападна Индија, со 236 патници и осум членови на екипажот, слета во понеделникот доцна навечер во базата на индиските воздухопловни сили во Јамнагар, во државата Гуџарат.
Летот беше пренасочен откако Azur Air прими е-пошта во која се вели дека има бомба во авионот.
– Сите луѓе во авионот се безбедни. Властите вршат темелна проверка на леталото – објави руската амбасада на Твитер.
Државната полиција соопшти дека антитерористичката единица го проверувала авионот и багажот на оние што биле во него додека патниците чекале на аеродромот.
– Досега не е пронајдено ништо сомнително – изјави во вторникот Премсух Делу, полициски службеник од Јамнагар.
Руските туристи се забранети од многу земји од руската инвазија на Украина, но тие сè уште во голем број доаѓаат во Индија.
The aircraft has made an emergency landing at Jamnagar Indian Air Force Base. Everyone on board is safe. The authorities are conducting a thorough inspection of the aircraft. https://t.co/BowSJRpaa1
— Russia in India 🇷🇺 (@RusEmbIndia) January 9, 2023