Италија и Јапонија ја подигнуваат соработката на ниво на стратешко партнерство

Сподели со своите пријатели

Премиерите на Италија и Јапонија Џорџа Мелони и Фумио Кишида денеска на средба во Рим се договорија да ја зајакнат соработката во сферите на економијата, трговијата и безбедноста, пренесе Ројтерс.

– Се договоривме да ги зајакнеме нашите односи на ниво на стратешко партнерство – рече Мелониева на прес-конференцијата по средбата.

Во оваа прилика Кишида рече дека ќе се зајакне соработката на полето на дипломатијата, инвестициите, железницата и филмската уметност.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина покажа невидено оружје од кое Западот се плаши (ВИДЕО)