Бајден и Обрадор за економска соработка и борба против илегалната трговија со дрога

Сподели со своите пријатели

Претседателите на САД и Мексико, Џозеф Бајден и Андрес Мануел Лопез Обрадор, разговараа во Мексико Сити за зајакнувањето на економските врски меѓу двете земји, борбата против нелегалната трговија со дрога и начините за спречување на илегалната миграција долж заедничката граница, Белата објави Хаус.

Loading...

Во соопштението се вели дека во понеделникот, Бајден и Лопез Обрадор разговарале и за стимулации за промовирање на инвестициите во производството на полупроводници.

Постојат неспоредливи услови за започнување на нова политика на економска и социјална интеграција на нашиот континент, рече Лопез Обрадор на почетокот на состанокот, повикувајќи го Бајден САД да ги зголемат инвестициите во регионот, објави Ројтерс.

Мексиканскиот претседател ги повика САД да се обврзат да издвојат средства за развој на Централна Америка и јужно Мексико, од каде што доаѓаат најголемиот број илегални мигранти, како и да им олеснат на мигрантите да најдат работа во САД.

Лопез Обрадор е домаќин на Бајден и на канадскиот премиер Џастин Трудо на првиот тридневен самит на трите земји од крајот на 2021 година.

Минатата недела Мексико го уапси водачот на нарко-картелот, синот на затворениот нарко бос Хоакин Ел Чапо Гузман, Овид Гузман, за чие апсење САД објавија награда од пет милиони долари.