Русија успешно тестираше нов дрон кој ќе се користи во Украина

Сподели со своите пријатели

Воената команда на Воено-десантните сили на Русија тестираше ново врзано беспилотно летало и договорено е производство на 50 такви дронови за нивно последователно тестирање во зоната на специјални воени операции во Украина, изјави рускиот заменик министер за одбрана, генерал Павел Попов.

Loading...

Попов за весникот Краснаја звезда изјави дека во октомври бил спроведен воено-технички експеримент на полигонот на Западниот воен округ за да се проценат функционалните способности на новиот дрон и дека е договорено производството на 50 дронови за нивна оперативна евалуација во зона на специјални воени операции во Украина, пренесе тој.ТАСС, пренесува Танјуг.

Попов истакна дека дроновите ќе се произведуваат и потоа ќе се подобруваат во технолошкиот парк ЕРА, кој е фокусиран на развој на различни дронови.

Според него, во тој технолошки парк биле конструирани повеќе од 200 видови беспилотни летала и 90 универзални уреди за прицврстување муниција на беспилотни летала.

„Приврзаните беспилотни летала всушност се поврзани со електраната на земја преку кабел, а кабелот му овозможува на авионот да комуницира со командното место и затоа ваквите дронови успешно се користат за набљудувачки мисии“, истакна Попов.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.