Министерката за здравство на Шпанија, Каролина Даријас денеска изјави дека патниците кои доаѓаат од Кина ќе мора да имаат негативен резултат од тестот за присуство на корона вирус или доказ дека се вакцинирани.
Loading...
Со ова, Шпанија им се придружува на Јужна Кореја, Италија, Јапонија и САД во мерките насочени кон спречување на ширење на нови варијанти на вирусот од Кина.
Пекинг почна да ги укинува строгите рестриктивни мерки, што доведе до зголемување на бројот на заразени пациенти во кинеските болници, наведува Ројтерс.