Русија распиша потерница по истражувачкиот новинар Хрис Грозев

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи на Русија го додаде истражувачкиот новинар на Белингкат, Христо Грозев на федералниот список на лица по кои е распишана потерница, пренесува Новаја газета Европа, повикувајќи се на Медиазон.

Loading...

Грозев наводно се бара „по член од Кривичниот законик“, но не се знае кој.

Христо Грозев е истражувачки новинар и менаџер на проектот Bellingcat.

Заедно со тимот на Алексеј Навални и други новинари го истражуваше труењето на руските политичари.

 

 

Истражителите утврдиле дека во труењето учествувале осуммина вработени во Институтот за криминалистика на ФСБ.

Loading...

Во јули, ФСБ го обвини Грозев дека им помага на агентите на украинската разузнавачка служба, кои, според агенцијата, планирале да киднапираат руски воен авион.

Одделот не извести за поведувањето на случајот и неговите квалификации.