Нов Зеланд ќе им дозволи на странските медицински сестри и техничари веднаш да поднесат барање за дозвола за престој, соопштија денеска властите на земјата, која се соочува со недостиг од здравствени работници.
Loading...
Премиерката Џасинда Ардерн рече дека во четврток ќе започне примената на таа процедура за оние кои ги исполнуваат условите.
На „зелената листа“ што им овозможува на одредени квалификувани работници да добијат виза за престој ќе бидат додадени и медицински специјалисти.
Организацијата на медицинскиот персонал на Нов Зеланд проценува дека се потребни околу 4.000 медицински сестри.
Во Нов Зеланд 97.000 луѓе моментално се невработени и бараат работа, додека стапката на невработеност е 3,3 отсто.