Британија: Русите испратија елитни десантни сили во Донбас

Сподели со своите пријатели

Британското Министерство за одбрана утринава објави нов извештај на своето воено разузнавање за ситуацијата во Украина.

Loading...

Во него тие наведуваат дека Русија во последните две недели веројатно префрлила големи делови од своите воздухопловни трупи (ВДВ) на фронтот во источните региони Луганск и Доњецк.

Од септември до октомври, повеќето од значително ослабените единици на ВДВ биле ангажирани во одбраната на окупираните територии западно од реката Днепар во регионот Керсон, се наведува во извештајот.

Претставниците на разузнавањето наведуваат дека дел од десантните трупи се засилени со неодамна мобилизираните резервисти.

Иако овој слабо обучен персонал веројатно ќе ги намали наводните елитни способности на ВДВ, Русија најверојатно ќе ги ангажира овие единици во секторите што ги смета за особено важни, велат тие.

Потенцијалните оперативни задачи на ВДВ вклучуваат поддршка на одбраната на областа Кремин-Сватова во областа Луганск, но и зајакнување на офанзивните операции во правец на градот Бахмут во Доњецк, се наведува во извештајот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.