Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, по котлините со појава на магла или ниска облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, претежно во северните делови.
Во попладневните и вечерните часови ќе дува умерен, а на места долж Повардарието засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 10 степени целзиусови.
Во текот на вечерните и ноќните часови околината на кумановско ќе биде зафатена со врнежи од дожд.
И во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето.
Во сабота во текот на ноќта и во недела под влијание на нов влажен бран се очекуваат пообилни врнежи од дожд. И во следните денови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, стои во соопштението на УХМР.
Никола Ивановски