Од рајот до пеколот: Зграда што ѝ пркоси на гравитацијата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Црпејќи инспирација од алпските села рефлектирани во водите на езерото, архитектите на канцеларијата „Ноа“ создадоа туристички објект кој, може да се каже, и пркоси на гравитацијата.

Loading...

Новиот додаток на италијанскиот хотел „Хубертус“ изгледа како селска колиба, која виси наопаку 15 метри над земјата.

 

 

„Суштината на овој проект е да се преврти хоризонтот, што резултира со изненадувачки ефект за набљудувачот“, објаснува Лукас Рунгер, главниот архитект на проектот.

Зградата, која се протега на два ката, е одвоена од главната зграда на хотелот и се потпира на два столба кои личат на трупци од бор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сателитите Starlink на Маск ги попречуваат астрономските истражувања

 

Loading...

 

За да стигне до таму, посетителот треба да оди по патека која исто така е подигната од земја.

„Промената на перспективата е вообичаена вежба во велнес областите, каде што, во зависност од тоа дали лежите во сауна, седите во просторијата за релаксација или нуркате во базен, погледот постојано се менува“, објаснува Рангер.

 

 

Бањата лоцирана во колибата, официјално наречена „Hub of Huts“, го доби прекарот „Рај и пекол“. На горниот кат на бањата (т.н. „Рај“) има две кади за хидромасажа, два панорамски тушеви и соблекувална.

Loading...

Гостите потоа можат да се спуштат на пониското ниво (во „Пеколот“), кое содржи две сауни, топла када и туш.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што е пејџер и како работи? Експлозии потсетуваат на заборавен уред!

Температурата на просторот прогресивно се зголемува како што посетителот се движи од поладното горно ниво на потоплото пониско ниво.

 

 

Од сите точки има импресивен поглед на планинскиот пејзаж. Во 2016 година, архитектонското биро „Noa“ го создаде импресивниот „Sky Pool“ на хотелот.

Тогаш целта на дизајнерот беше базенот да се спои со планинскиот пејзаж, рефлектирајќи ги облаците и врамувајќи го панорамскиот поглед.