Премиерот на Камбоџа беше позитивен на ковид, се ракуваше со Бајден и светските лидери

Сподели со своите пријатели

Камбоџанскиот премиер Хун Сен е позитивен на коронавирусот, поради што ќе го откаже присуството на самитот на Г-20 во Бали, Индонезија, а поради позитивниот тест ќе ги откаже и состаноците на АПЕК во Бангкок подоцна оваа недела.

Loading...

Хун Сен неодамна беше домаќин на самитот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија во главниот град на Камбоџа, каде што се сретна и се ракуваше со лидерите од целиот свет.

Меѓу нив беше и претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден.

Белата куќа им соопшти на новинарите утринава дека Бајден е негативен на коронавирусот и дека не се смета за близок контакт со премиерот на Камбоџа, Хун Сен.

Хун Сен во својата објава на Фејсбук рече дека секојдневно се тестира.