Подољак: Русија сака да го претвори Херсон во „град на смртта“

Сподели со своите пријатели

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак денеска изјави дека Русија сака да го претвори Херсон во „град на смртта“ откако Москва им нареди на своите војници да се повлечат од градот во јужна Украина.

Loading...

„Русија сака да го претвори Херсон во „град на смртта“.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вчера најави дека руските сили ќе се повлечат од западниот брег на реката Днепар, кој го опфаќа Херсон, единствениот регионален главен град што Москва го зазеде од почетокот на војната во февруари.

Украинската војска соопшти дека сè уште не може да потврди дека руските трупи се повлекуваат од Херсон.

Генералот на украинската армија Олексиј Громов на прес-конференција рече дека акциите на украинските вооружени сили им оставиле на руските сили друга опција освен да се повлечат.

„Но, во овој момент не можеме ниту да ги потврдиме ниту да ги демантираме информациите за наводното повлекување на војниците од Херсон од страна на Русија. Ќе ја продолжиме офанзивната операција според нашиот план“, рече тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.