Четириесет и осумгодишен кумановец вчера бил приведен под сомнение дека физички нападнал повозрасна сограѓанка.
Loading...
– На 30.10.2022 во 15.35 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.Ц.(48) од село Љубодраг, кумановско, затоа што физички нападнал 63-годишна жена, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што додаваат од полицијата, по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Никола Ивановски