ТРАГЕДИЈА ВО ИНДИЈА: 132 лица загинаа при уривање на мост

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртвите од уривањето на мост во Гуџарат, Индија, се искачи на 132, соопшти локален претставник, а пренесува Ројтерс.

Loading...

Пешачки мост над реката Мачху во градот Морби беше преполн со посетители кои уживаа во празничните веселби се урна во неделата.

„Бројот на загинатите во инцидентот со уривање на мостот се искачи на 132. Операциите за пребарување и спасување продолжуваат“, рече висок функционер на НК Мухар, истакнувајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Над 400 луѓе биле на и околу мостот кога тој се урнал

Мухар, исто така, рече дека персоналот на вооружените сили заедно со националните тимови за управување со катастрофи и вонредни состојби од околните области се распоредени за да ги лоцираат исчезнатите лица и да помогнат во спасувачките операции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  BBC: Иранска тинејџерка сексуално нападната и убиена од мажи кои работеле за безбедносните сили

Повеќе од 400 луѓе биле на и околу мостот кога тој се урнал. Мостот долг 230 метри е изграден за време на британското владеење во 19 век.

Тој беше затворен за реновирање шест месеци, а неодамна беше повторно отворен за јавноста.