Три среба и исто толку бронзени медали освоија кик-боксерите на кик-бокс клубот Предатор од Куманово на Меѓународниот кик бокс куп ВАКО Балкан опен во Тешањ, Босна и Херцеговина.
Loading...
Христина Бојковска во категоријата помлади кадети освои 2-ро место, додека со сребро се закити и Вилиам Трајковски во истата категорија, а Бојан Николовски во категоријата сениори до -84 килограми.
Со бронза од турнирот се вратија Макс Спасовски во категоријата помлади кадети, а Блашко Денковиќ во категоријата постари кадери. Во јуниорска конкуренција со освоен бронезн медал турнирот го заврши Симона Денковиќ.
Севкупно македонските кик-бокс клубови освоија 49 медали и Македонија е трета на турнирот.
Никола Ивановски