Вечерва завршува МТФ „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Со претставата „Секс и лага“ на Театар Куманово вечерва во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ официјално завршува 25то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

Loading...

Станува збор за претстава во режија на Драгана Таневска, а според текст на Марк Камолети.

Во претставата играат Марко Трајковиќ, Сања Русеска, Жарко Јовановиќ, Нина Максимова, Александра Михајловска, Никица Јанковски и Анастасија Величковиќ.

Сценографијата е на Крсто Богојевски, а костимите на Дарко Илиевски.

Комедијата „Секс и лаги“, работена според текстот „Секс и љубомора“ на Марк Камолети, e спој помеѓу интригата и љубовта, страста и моралот, вистината и лагата, сведоштво за начинот на кој се третирани љубовните и семејните релации помеѓу маж и жена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири возила се судрија на патот Куманово – Крива Паланка, седумина повредени

Ова е претстава во која конфликтот на интереси произнесува чувства, реакции и односи кои ги прават ситуациите комични.

Никола Ивановски