Две лица од Кратово биле приведени во, откако пред казино претепале двајца кумановци, од кои едниот бил вработен во казиното како обезбедување.
Loading...
– На 06.10.2022 во 05.00 часот на улица „Доне Божинов“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода И.Д.(42) и А.К.(26), двајцата од Кратово, затоа што пред казино физички ги нападнале Н.Д.(28) од Куманово, вработен во казиното како обезбедување и С.С.(50) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски