Шефот на регионалната воена управа на Запорожје, Олександр Старук, на социјалните мрежи напиша дека Русија утрото на 6 октомври нападнала згради со ракети.
Тој ги повика жителите на градот да останат во засолништа.
– Окупаторот истрела ракети кон регионалниот центар. Инфраструктурните објекти станаа непријателски цели. Се утврдуваат податоци за уништување и жртви. Останете во засолништа! – пишува тој.
Тој исто така истакна дека многу луѓе биле спасени, меѓу кои и тригодишно девојче кое било хоспитализирано.
Секретарот на градскиот совет на Запорожје, Анатолиј Куртев, додаде дека Русите истрелале седум ракети врз обичните куќи во кои се наоѓало цивилното население.
– Русите денеска истрелаа 7 ракети кон обичните повеќекатници во кои спиеја цивили. Уништени се цели влезови. Луѓето се под урнатините. Спасувачите работат на терен. Болниците и информативните центри во училиштата се целосно подготвени да ги примат луѓето. Русија е терористичка земја – пишува тој.
Како резултат на непријателските напади, избувнаа пожари во градот. Уништени се станбени згради.
Подоцна било утврдено дека загинале двајца цивили, а под урнатините на куќите биле пронајдени најмалку пет лица.
На местото на настанот во моментов е во тек спасувачка операција.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.