Ковачевски го честиташе еврејскиот празник Јом Кипур

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија – Димитар Ковачевски по повод светиот еврејски празник – Јом Кипур упати честитка до граѓаните припадници на Еврејската заедница во која истакна:

Loading...

„На граѓаните од Еврејската заедница им посакувам спокојно и радосно празнувањето на светиот еврејски празник – Јом Кипур.

Значењето на овој голем празник на покајанието и меѓусебното помирување се истакнува посебно и денес, кога е светот пред новиот предизвик за обединување, заедништво и меѓусебната поддршка околу зачувувањето на мирот и просперитетот за сегашните и за идните генерации.

Нашата заедничка држава, Република Северна Македонија е дом на различности и во тој дух градиме едно општество за сите со меѓусебно почитување на нашите културни посебности.

Нека е за многу години празникот!“