Ковачевски: Човечкиот капитал е клучен фактор за економски развој

Сподели со своите пријатели

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се обрати на првиот академски час на Економски факултет – Скопје, на кој се обратија и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски и деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Предраг Трпески.

Loading...

Во оваа прилика премиерот Ковачевски им го честиташе на студентите и професорите првиот академски час и потсети дека пред многу години како студент и самиот присуствувал на првиот академски час на Економскиот факултет, потсетувајќи дека станува збор за образовна институција со долга историја која создава трајни вредности и го обликува општеството.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цената за регистрација на автомобилите ќе остане иста

Во оваа прилика тој на идните студенти им порача дека светот, регионот и нашата држава забрзано се менуваат и дека се соочуваме со голем број на предизвици и кризи, но дека токму во вакви услови од исклучително значење е стекнувањето фундаментални и применливи знаења за домашната и светската економија.

„Ви посакувам да стекнете основни и напредни знаења и вештини за да бидете сигурни и горди со својата лична вредност, да бидете целосно конкурентни на домашниот и европскиот пазар, рамо до рамо со своите европски колешки и колеги! Ако пред повеќе децении учевме за основните економски фактори, денес општествените и економските промени ни покажуваат дека разликата помеѓу успешна и помалку успешна држава и економија е факторот на знаењето, на човечкиот капитал како критично важен фактор за економски развој! Ние сме мала држава и мала економија во развој, но тоа не смее да го сметаме како проблем, туку да го претвориме во шанса!”, истакна премиерот Ковачевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маџовски: Повеќе пари за спортот и формирање школски и младински лиги

Премиерот едновремено порача дека сите квалитетни и високо-образовни кадри се нашиот влог во системот кој ќе ја креира и развива европска иднина на земјата, што ќе резултира и со задржување на квалитетните млади луѓе во државата.

„За тоа ја имате и ќе ја имате поддршката на Владата! И за поддршка преку стипендирање и за нови модели за ангажирање и вработување на најдобрите во македонската економија и институции! И за повисоки инвестиции во образованието и научно-истражувачкиот развој! Наш огромен успех како држава е да успееме да ги задржиме нашите луѓе, нашата вредност, нашиот народ, нашите експерти, дома за да тие директно влијаат на нашиот развој како држава!“, порача премерот Ковачевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маџовски: Повеќе пари за спортот и формирање школски и младински лиги

Церемонијата на првиот академски час беше заокружена со свеченото доделување на индексите на стипендирани студенти, односно 10-те најдобро рангирани студенти, запишани за прв пат на Економски факултет – Скопје во учебната 2022/2023 година, според успехот од средното образование.